За Мурињо и натаму е „Театар на кошмарите“! (ВИДЕО)

фото:твитер

Фудбалерите на Манчестер јунајтед славеа на домашен терен во големото дерби против Тотенхем со 2:1, благодарение на двојниот стрелец на Маркус Решфорд, во 15. коло од Премиер лигата.

Во мечот кој го оодбележа враќањето на Жозе Мурињо на „Олд Трафорд“, овојпат во улога на менаџер на Тотенхем, Решфорд веќе во шестата минута со еден прекрасен погодок им донесе водство на „црвените ѓаволи“.

Со еден ефектен потег и голот на Деле Али во 39. минута успеа да го израмни резултатот и одржување на шансите на лондонскиот клуб на ова гостување.

Решфорд сепак не запре само на еден погодок, во 49. минута од пенал го постави конечниот епилог за триумф на домашната екипа.

Во останатите дуели, Челзи ја прекина серијата од два порази со триумфот над Астон Вила (2:1) кои го обезбедија Абрахам и Маунт, потоа Лестер со головите на Џереми Варди од пенал во 55. и Медисон во петтата минута од судиското надополнување беше подобар од Ватфорд со 2:0 продолжувајќи ја одличната серија на резултати.

Саутемптон во дербито на долниот дел од табелата слабеше над Норич со 2:1, а со истиот резултат Вулверхемптон го надигра Вест Хем.

Може Жозе Мурињо си заминал од „Театарот на соништата“, дека 11 месеци беше без фудбалски живот, но за него очигледно и натаму останува „Театар на кошмарите“. Се врати „Специјалниот“ во својот поранешен дом без малку една година откако доби отказ, на тоа место на злосторството каде што беше проценето не е доволно добар да го води клубот, но ниту е дочекан со раширени раце, ниту имаше причина да биде задоволен писке два часа дерби.

Неговиот Тотенхем не освои ниту еден бод, не се ни прослави. Напротив! Јунајтед вечерва личеше како казнена експедиција од некои посреќни времиња, а не на состав со кој Солскјер не може да ги победи Астон Вила, Астана, Шефилд јунајтед, Борнмут. Сега заслужена победа благодарение на Решфорд, која можеше да биде уште поубедлива…

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот