Кремљ/Фото Eurasia / robertharding / Profimedia

За Москва укинувањето на помошта на САД за Украина е „најпозитивен придонес за мирот но очекува симнување на санкциите

Песков во врска со суспендирањето на американската воена помош за Украина рече дека тоа е „најпозитивен придонес за мирот“. Според него, прекинот на помошта може да го натера Киев да се вклучи во мировниот процес.

Песков ги поздрави изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп за желбата да се постигне мир во Украина и дека ќе го следи развојот на ситуацијата.

Тој го коментираше и прашањето за американските санкции, велејќи дека Русија сè уште не слушнала официјални изјави за можноста за ублажување на санкциите, но дека нормализирањето на билатералните односи меѓу Русија и САД би подразбирало укинување на „негативниот товар“ на санкциите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот