За легендарниот Мекинро, Ѓоковиќ не е прв фаворит за освојување на Ролан Гарос

Фото: EPA-EFE/ETTORE FERRARI

Се поблиску сме до почетокот на Ролан Гарос, турнир на кој српскиот тенисер, Новак Ѓоковиќ се обиде да стане најтрофејниот во историјата кога во прашање се грен-слем титулите.

За шансите Ѓоковиќ да го освои овој турнир зборуваше и легендарниот Џон Мекинро. Според легендата на светскиот тенис Ѓоковиќ не е најголем фаворит.

„Ѓоковиќ ќе има силни ривали како што се Алкараз, Руне…Ќе видиме каков ќе биде ждребот, се надевам дека Новак нема да биде во иста половина со Алкараз, бидејќи Данил Медведев сега е на второто место“, изјави Мекинро.

Како најголем фаворит за освојување на турнирот, Мекинро го гледа Шпанецот, Карлос Алкараз.

„Алкараз е прв фаворит, потоа следи Ѓоковиќ. Шпанецот покажа дека е спремен, останатите од младата генерација се уште не се на негово ниво. Има само 20 години, а веќе стана амбасадор на нашиот спорт“, смета Мекинро.

Ролан Гарос започнува на за четири дена на 28-ми мај.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот