За купување луксузни автомобили нема криза – рекордна продажба на „Ролс-Ројс“

Ролс Ројс/ Фото: Yoko Aziz / Alamy / Alamy / Profimedia

Луксузните автомобили, се чини, не се погодени од инфлацијата и економската криза – британскиот производител на автомобили Ролс-Ројс во 2022 оствари најголема годишна продажба со вкупно 6.021 продадени примероци.

Ова претставува зголемување од осум отсто во однос на 2021 година, со испораки до клиенти во околу 50 земји, соопшти компанијата која припаѓа на германската групација БМВ.

Најмногу автомобили се продадени во САД, Кина и Европа, додека остатокот од автомобилскиот пазар сè уште закрепнува од пандемијата на коронавирусот и глобалниот недостиг на полупроводници.

Сепак, брендовите на луксузни автомобили како Бентли и Бугати постигнаа добра продажба за време на епидемијата на коронавирусот.

Доказ за добрата состојба со продажбата на луксузни автомобили е примерот на компанијата Ламборгини (Lamborghini), која во август соопшти дека ги предпродала своите автомобили до почетокот на 2024 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот