За која професија сонуваат најголем број луѓе во светот во 2024 година? Во Македонија се инфлуенсерите

Фото: Принтскрин/ jobseeker.com

Пилотот е најпосакуваната професија во светот во 2024 година. Ова го откри истражувањето на порталот за вработување „Џобсикер“ (Jobseeker), кој ги генерирал податоците со помош на алатката за анализа на пребарување наречена Ahrefs, пренесува „Пункуфер“.

„Џобсикер“ состави листа од 35 професии кои вообичаено се дефинираат како кариера од соништата, тие потоа биле префрлени во Ahrefs и најпосакуваните работни места биле рангирани според вкупниот глобален обем на пребарување.

Терминот „Како да се стане пилот“ бил пребаруван повеќе од 50.000 пати на интернет во јануари оваа година низ целиот свет – од Британија и Шпанија до Кенија и Сомалија до Саудиска Арабија и Јапонија – и на тој начин се најде на врвот на листата на најпосакуваните занимања во 2024 година.

Стјуардесите ја имаат втората најпопуларна работа на планетата, собраа 29.000 пребарувања на Интернет во истиот период, најмногу во САД, Канада, Мексико и Бразил.

Работата како модел се најде на третото место на листата на најпосакувани во првиот месец од 2024 година со 25.000 пребарувања. Најголем број пребарувања имало од европските земји како Франција, Германија, Италија, но и Хрватска.

Во Македонија најмногу од луѓето пребарувале за професијата инфлуенсер.

Во 10-те најпосакувани работни места според овој метод на барање работа, имало и занимања како психолог, доктор, наставник, адвокат и пожарникар. Единствен исклучок од ова правило е инфлуенсерот на петтото место и претприемачот на десеттото место на рангирањето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот