За кого била наменета неделната „порака“ од пукањето во „Александар Палас“?

Тројцата маскирани и вооружени кои во неделата рано наутро пукале кон петмина мажи кои седеле во ресторанот на хотелот „Александар Палас“, според „потписот“ кој зад себе го оставиле, не биле аматери. Во нападот било употребено и автоматско оружје, а голем дел од трагите ги уништиле, тврдат за „Слободен печат“ од полицијата која веќе детално го истражува целиот случај.

Засега се знае дека во неделата, триесетина минути после полноќ, пред подвижната врата за влез и излез од хотелот со вперено автоматско оружје и пиштол застанале тројца мажи, носеле облека во темна боја и црни маскирни капи на главата. Еден од нив два пати почнал да вика „полиција, полиција“ по што почнала пукотницата кон ресторанот на хотелот каде седеле Е.И. (21), И.Е. (25), О.Б. (35), К.И. (41) и Љ.Ќ. (25) сите од Скопје.

Прочитајте и...  Никола Тесла: Технологијата ќе го открие вистинскиот потенцијал на жената

Куршумите летале на сите страни. Петиот маж кој седел со петмината нападнати бил полицискиот службеник Љ.Ќ., кој во тој период не бил на работа, но со себе го носел службениот пиштол. Го вперил кон напаѓачите и испукал десетина куршуми, но ниту еден не ги погодил.

Тие пак, влегле во џип „туарег“ и го голема брзина избегале од пред хотелот во правец кон Тетовска трошарина, а од таму преку Автокоманда, стигнале во непосредна близина на скопското село Арачиново.

Џипот го полиле со запаллива течност, а двете автоматски пушки модел „АК-47“ кои биле употребени во нападот биле фрлени во багажникот на возилото. И тие како и возило целосно изгореле.

Со друго возило, според трагите кои останале во нивата, избегале од локацијата, а пожарот буквално го пеплосал џипот. Откако се проверила полициската база на податоци се открило дека не само џипот, туку и табличките кои биле „залепени“ на возилото биле украдени од друг автомобил. Сите ДНК траги од напаѓачите се уништени во пожарот. Единствено, делумно читливи останале сериските броеви на оружјето.

Прочитајте и...  Монсунски дождови го потопија Белград, вакво невреме не се памети (ВИДЕО)

Дознаваме дека истражителите веќе ги анализираат снимките од безбедносните камери од хотелот, но и од безбедносно-сообраќајните надзорни камери низ градот, посебно тие кои ја покриваат трасата по која избегале напаѓачите.

Ниту еден од шестмината потенцијални жртви на тројцата напаѓачи на полициските иследници не им дал посебен детаљ или се присетил зошто некој би сакал да пука кон него.

Од полицијата не откриваат која е можната причина за нападот. Претпоставките на истражителите, а таа опција се истражува, се однесуваат на можните бизнис врски или нарушени односи на некој од групата на оштетените со одредена личност или група од криминалниот свет. Но, сето тоа сè уште е непотврдено и е шпекулација.

За полициските иследници има три сценарија за неделниот немил настан во кој за среќа никој не е повреден. Првото сценарио, според нив, малку „држи вода“. Имено, напаѓачите откако увиделе дека кон нив е пукано, се испаничиле и избегале. Второто сценарио, кое е базирано на трагата на чаурите кои зад себе ги оставиле напаѓачите говорело дека немале план да влезат во хотелот и да ранат некој од групата, додека третото сценарио е дека на оштетените само им пратиле криминална „порака“ дека кај и да се, се лесна мета.

Прочитајте и...  Пендрекот лесно се крева врз Роми

Прочитај повеќе

Во Гостивар за еден час напишани 60 сообраќајни казни

Слободен печат

Монсунски дождови го потопија Белград, вакво невреме не се памети (ВИДЕО)

Слободен печат

Дрвокрадци од Прилеп добија кривични за напад на полициски службеници

Слободен печат

Нападнати унгарски финансиски институции од хакери од Кина, Русија и Виетнам

Слободен печат

Никола Тесла: Технологијата ќе го открие вистинскиот потенцијал на жената

Слободен печат

Кавадаречкиот градоначалник Јанчев од трибина: Дај Боже сите да бидеме како Заев! (ВИДЕО)

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Загина тракторист на Галичица

Слободен печат

Тешко повредено 8-годишно дете кај Шарена Џамија во Тетово

Слободен печат

А што ако Трамп не прифати пораз и не сака да си оди од Белата куќа?

Бугарија ја стави во неизвесност иднината на Македонија

Се забели регионот, во БиХ вистинска снежна идила (ФОТО+ВИДЕО)

Слободен печат

Бројот на загинати во украинскиот авион се искачи на 25, двајца се борат за живот (ВИДЕО)

Слободен печат