Дарио Николовски, директор на Агенција за енергетика / Фото: "Слободен печат" / Драган Митрески

За две години 170.000 домаќинства ќе имаат струја од обновливи извори, вели директорот на Агенцијата за енергетика

Македонија во последниот период докажа дека има капацитет и знаење да спроведе квалитетна енергетска транзиција, одговори директорот на Агенцијата за енергетика Дарио Николовски на прашањетодо каде е спроведувањето на мерки за енергетска ефикасност и кој е степенот на искористување на обновливите извори на енергија како дел од преземените обврски од Енергетската заедница.

– Владата за само три години, во време на ковид и на енергетска криза, има реализирано над 40 отсто од таргетот што треба да го достигнеме до 2040 година, согласно Стратегијата за енергетика 2019-2040, со што ја потврдуваме нашата одлика како народ – кога е најтешко, испорачуваме најдобри резултати. Ако ги редефинираме овие проценти во бенефит за граѓаните, тогаш можеме да кажеме дека со новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од две години може да снабдува околу 170 илјади домаќинства со струја од обновливи извори на енергија. Не за џабе не нарекоа ѕвезда во енергетска транзиција – вели Николовски.

Енергетска траекторија на транзиција наместо струја од јаглен, струја од Сонце е водилка на стратегијата, вели Николовски.

– Ние се идентификуваме со сонцето кое е и наш државен симбол. Денес ние сме знаменосци на енергетската транзиција. Сонцето е носител на државниот енергетска суверенитет – додаде Николовски.

Според Николовски, ова придонесе да имаме стабилни цени на енергенсите и да се врати дневната евтина тарифа на електричната енергија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот