За 195.000 долари: Продадено гробно место покрај филмската ѕвезда Мерлин Монро на аукција
Гробно место покрај почивалиштето на филмската ѕвезда Мерлин Монро и основачот на „Плејбој“, Хју Хефнер, на аукција е купено од технолошкиот инвеститор Ентони Џабин за 195.000 долари, пишува „Скај њус“.
Препорачано
На аукцијата водена од „Џулиенс окшн“ со наслов „Икони: Плејбој, Хју Хефнер и Мерлин Монро“ која се одржа помеѓу 28 и 30 март меѓу другото беа продадени и предмети кои биле сопственост на Монро и Хефнер.
Заедно со гробното место Џабин купи и костим за капење што некогаш ѝ припаѓал на Монро, како и стариот кревет на Хефнер.
„Отсекогаш сонував да бидам до Мерлин Монро до крајот на мојот живот и викендов во ‘Џулиен’ го купив кружниот кревет на Хју Хефнер и костимот за капење на Мерлин Монро“, изјавил Ентони Џабин од Беверли Хилс.
Плочката на гробот на Монро, која мораше да биде заменета поради оштетување, беше продадена за 88.900 долари. Инаку, Хефнер го купи гробното место до она на холивудската актерка во 1992 година. Тој е погребан таму, откако почина на 91-годишна возраст во 2017 година.
Монро почина на 36-годишна возраст во 1962 година и беше најпозната по филмовите „Некои го сакаат тоа жешко“ (1959), „Седум години верност“ (1955) и „Господата претпочитаат русокоси“ (1953).
ВИДЕО | Со помош на вештачка интелигенција создадена дигитална верзија на Мерлин Монро


