За 1,3 отсто зголемено индустриското производство во март

Индустриското производство во март годинава во однос на март лани е зголемено за 1,3 отсто. Во првите три месеци од 2023, пак, во спроредба со истиот квартал лани бележи раст од 0,1 процент, соопшти Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи опаѓање од 11,5 отсто, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 2,4 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 10,1 проценти.

Зголемувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на хемикалии и хемиски производи, Производство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати, Производство на електрична опрема, Производство на машини и уреди, неспомнати на друго и Производство на моторни возила, приколки и полуприколки.

Според главните индустриски групи, производството во март 2023 година, во однос на март 2022 година, бележи пораст кај Енергија за 5,5 проценти, Капитални производи за 11,8 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 8,0 проценти, додека опаѓање бележи кај Интермедијарни производи, освен енергија за 11,0 отсто и Трајни производи за широка потрошувачка за 5,1 проценти.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот