Вупи Голдберг -Фото: Инстаграм/Вупи Голдберг

Вупи Голдберг ужива во својата самотија по трите разводи: „Многу сум среќна, не сакам да живеам со никого“

Вупи Голдберг откри дека ужива во својата самотија и дека не сака тоа да го менува. Таа истакна дека не бара маж во својот живот, пренесува „Пипл“.

„Во последните 25 години сфатив дека не сите се создадени за врска. Некои луѓе едноставно се создадени за авантури за една ноќ. Не сакам да живеам со никого. Живеев со ќерка ми и тоа е сè што можам да поднесам. Има многу луѓе кои ги сакам, но не ми треба да спијам со нив“, рече таа.

Вупи има зад себе три брака, но нагласи дека не е добра во врски.

„Не сум добра затоа што морам да мислам на другите луѓе, а јас имам доволно што треба да мислам за ќерка ми, нејзиниот сопруг и сите луѓе со кои работам“, рече таа.

Вупи Голдберг -Фото: Инстаграм/Вупи Голдберг

Глумицата вели дека не се чувствува осамено, бидејќи има доволно луѓе околу себе кои не ѝ дозволуваат да се чувствува така.

„Луѓето постојано ми кажуваат дека ќе најдам некого, но јас тоа не го сакам. Многу сум среќна, не сакам да живеам со никого. Не сакам да делам пари, знам дека тоа звучи страшно, но не сакам тоа да го направам“, додаде Вупи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот