Вујовиќ: Атмосферата на трибините ни помогна во победата, го „измислив“ Дибиров на среден бек

Веселин Вујовиќ секогаш ќе има место во срцата на верните „Комити“/фото: Слободен печат: Драган Митрески

Тренерот на Вардар, Веселин Вујовиќ има многу причини за задоволство по убедливиот триумф на неговите ракометари против Мешков Брест од 35:27.

Тоа што го најави пред натпреварот, дека одбраната мора да биде на ниво, се оствари, а згора на тоа одлична вечер имаше и голманот Мартин Томовски.

– Десет различни играчи постинаа голови, тоа е најдобар доказ за нашата сила во нападот. Покажува дека имавме баш шутерски ден, но да бидам искрен постигнати 35 гола, реално, не се одлика на нашиот стил на игра. Јас се плашев од овој натпревар, бидејќи знам каква екипа е Мешков Брест. Од голема помош на почетокот ни беа одбраните на Томовски, атмосферата на трибините ни помогна да стинеме до удобна предност.  Кога Мешков Брест почна со зоната 5-1 во одбрана во вториот дел, не сакав да играм со браќата Њокас бидејќи уште не се воиграни како што треба, па ете измислив решение некако со Дибиров на среден бек. Морам да потенцирам дека тие имаат многу повредени играчи, ние ја искористивме таа ситуација, им посакувам се најдобро во иднина – изјави Вујовиќ.

Со навивачи е полесно, Вардар преку Мешков до прв триумф во Лигата на шампионите

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот