Вучиќ: Српската листа убедливо победи во девет од 10 српски општини во Косово
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, вечерва изјави дека Српската листа убедливо победила во девет од 10 српски општини во Косово, и дека во десеттата, во Клокот, ќе одат во втор круг.
Препорачано
Како што пренесуваат српските медиуми, Вучиќ нагласил дека изборите на Косово се многу важни и им честиташе на сите Срби во Косово.
Тој изјави дека на денешните локални избори излегле вкупно 57.786 Срби, што е за 3.667 повеќе од парламентарните избори во февруари, кога гласале 54.109 Срби.
Пристигнаа првите прелиминарни резултати од локалните избори во Косово
Претседателот истакна дека е особено горд и благодарен на Србите во Грачаница кои освоија убедливо мнозинство и додаде дека знае како е извојувана победата во Грачаница во тешки услови.
Вучиќ изјави дека Албанците, по наредба на премиерот во Приштина, Аљбин Курти, регистрирале вкупно 4.900 албански гласачи во Грачаница, и дека на гласање излегле повеќе од 2.500 од нив.
Тој додаде дека насекаде на северот од Косово, во сите четири општини – Косовска Митровица, Зубин Поток, Звечан и Лепосавиќ, Српската листа победи убедливо, од 69 до 80 проценти од гласовите.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
51мин
-
8час
-
8час
-
9час
-
9час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


