Вучиќ со благодарност до пензионерите на кои денес им е исплатена помош од 20.000 динари, за младите пак по 100 евра

Александар Вучиќ / Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Претседателот на Србија Александар Вучиќ им се заблагодари на пензионерите на кои денеска им беше исплатена помош од 20.000 динари (170 евра), за поддршката што и ја даваат на својата земја од 2014 година, порачувајќи дека ќе имаат повисоки пензии, јави дописникот на МИА од Белград.

-Почитувани пензионери, 20.000 динари државна помош не се малку пари, но знам дека е речиси ништо во споредба со она што и го дадовте на нашата земја, градејќи ја, создавајќи услови за сите нас што дојдовме по вас, да можеме да живееме пристојно и да имаме поинаква и подобра иднина, кажа Вучиќ во видеото објавено на Инстаграм профилот „Будуќностсрбија”.

Денеска нешто повеќе од 1,66 милиони пензионери во Србија, кои се на платниот список на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО), добиваат државна помош во износ од по 20.000 динари.

Вучиќ пред неколку дена најави, а денес беше потврдено од министерот за финансии, Синиша Мали, кој соопшти дека владата ќе усвои предлог за нов закон за исплата на нови 100 евра за младите. Процесот за аплицирање за нови 100 евра за младите од 16 до 29 години ќе биде отворен од 16 до 31 мај.

Како што прецизираше Мали, оние кои аплицирале за првите 100 евра за млади, чија исплата започна на 1 февруари, не мора повторно да аплицираат за оваа државна помош.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот