Вучиќ на конференција со Макрон: Напаѓачите од Бањско треба да бидат изведени пред лицето на правдата

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ и претседателот на Франција, Емануел Макрон вечерва пред билатералната средба се обратија пред новинарите во Елисејската палата. Во своето обраќање Макрон рече дека е важно учесниците во вооружениот конфликт во Бањска минатата година да бидат изведени пред лицето на правдата, пишуваат регионалните медиуми.

„Од друга страна, треба да ги надминеме тензиите кои настанаа како резултат на одлуките донесени од косовските власти кои се однесуваат на општините со српско население, знаеме кои се условите на договорот“, рече Макрон.

„Нормализацијата на односите со Косово е ветување и залог за стабилноста на регионот и целиот континент, Франција ќе продолжи да ја поддржува посредничката улога на ЕУ, сакам да ги поздравам гестовите на двете страни, но сега треба да одиме уште подалеку“, додаде францускиот претседател.

Тој посочи дека европската интеграција на Србија е заеднички интерес.

Пред заедничкото обраќање, беше организиран свечен дочек пред Елисејската палата.

Вучиќ претходно изјави дека со Макрон ќе разговара на различни теми, пред се за соработката меѓу двете земји, а главни теми ќе бидат односите меѓу Белград и Приштина, како и можноста за прием на Косово во Советот на Европа.

Вучиќ, кој заедно со министерот за финансии со технички мандат, Синиш Мали е во официјална посета на Франција. Претходно се сретна со претседателот на францускиот Сенат, Жерар Ларше, со кого разговараше за подобрување на билатералните односи меѓу двете земји, европскиот пат на Србија, како и регионални и глобални прашања.

Исто така, претходно денеска беше потпишан Меморандум за соработка меѓу Владата на Србија и Француската електроенергетска компанија (ЕДФ) за воспоставување рамка за долгорочен дијалог во областа на енергетската транзиција и технологијата со ниска потрошувачка на јаглерод. Вучиќ се сретна и со претставници на француската компанија „ЕДФ“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот