Вучиќ: Патријархот Иринеј е интубиран и се наоѓа во тешка состојба

Фото: EPA-EFE/BORIS PEJOVIC

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека патријархот на Српската православна црква (СПЦ) Иринеј е „во тешка здравствена состојба.

По полициската вежба „Обрач 2020″, Вучиќ, запрашан за здравствената состојба на патријархот, кажа дека Иринеј воопшто не е лесно.

– Фала му на Бога, жив е. Тој беше во подобра состојба пред три часа. Сега таа ситуација е тешка. Пред 55 минути тој беше интубиран, кажа Вучиќ и додаде дека лекарите се борат за животот на патријархот.

Според Горан Стевановиќ, директор на Инфективната клиника, „патријархот е во црвената зона“.

– Тие се обидуваат да му направат дренажа на белите дробови, додека патријархот е интубиран, бидејќи тоа не било можно порано. Лекарите го вртеле од левата на десна страна, објасни Вучиќ.

Српскиот претседател додаде дека е тешко да се предвиди било што, освен сите да се молат на  Бога.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот