Вториот тим на МЗТ Скопје непријатно го изненади Работнички

мзт скопје уни банка работнички
Младите „металци“ ја продлабочија кризата во редовите на КК Работнички/Фото: kfsm.mk

МЗТ Скопје Уни Банка со победа од 89:87 над Работнички покажа дека ќе се бори со сите сили да побегне од последните позиции на табелата.

Вториот тим на МЗТ од Аеродром ја продлабочи кризата која деновиве владее во тимот од „Градски парк“. А како на поинаков начин, освен со победа на гостински терен. Прва за тренерот Борис Нешовиќ откако ги води младите „металци“.

На влезот во последниот период, Работнички имаше предност од пет поени (74:69). Но, со серија од 8:2, вториот тим на МЗТ одново го презема водството, 78:77 и најави неизвесна завршница на натпреварот, која се покажа како особено сиромашна од аспект на ефикасноста.

Особено тоа се однесуваше за „црвено-белите“ кои дури во последната минута од играта, некако стигна до 10 уфрлени поени. Но, само за Данаиловски да го намали водството на МЗТ Скопје Уни Банка на 84:87.

На 14 секунди пред крајот, Андоновски погреши, му даде шанса на Данаиловски токму со тројка да го однесе овој меч во продолжени од пет минути, Но, младиот бек не погоди зад линијата 6.75 метри. А со еден „пенал“ ,казни Петровски за недостижни 88:84.

Во победничките редови 21 поен (седум скокови) реализираше Рансом, три повеќе од Андоновски (шест скокови), а на спротивната страна 28 поени и осум асистенции беа дело на Џексон.

Денеска се одигра уште една средба од 12 коло во Првата лига, после две продолженија Гостивар со 106:105 триумфираше над Еуро Никел 2005.

ПРВА ЛИГА – МАЖИ

РЕЗУЛТАТИ И ДВОЈКИ 12. КОЛО

Ангели – Куманово 2009 76:104

Работнички – МЗТ Скопје Уни Банка 87:89

Гостивар – Еуро Никел 2005 106:105

Недела
17.00 часот ТФТ – Кожув
19.00 часот Навико Академија ФМП – Феникс 2010

Понеделник
18.00 часот МЗТ Скопје Аеродром – Пелистер

Табела: Пелистер 22 бодови, МЗТ Скопје Аеродром 20, Гостивар 19, Работнички 19, Еуро Никел 18, ФМП Академија 18, Феникс 2010 17, ТФТ 16, Кожув 16, Куманово 16, МЗТ Скопје Уни Банка 14, КК Ангели 12.

Прва лига: Куманово ја оправда фаворитската улога против КК Ангели

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот