Вториот најпрометен аеродром во Велика Британија ги откажа сите летови

Фото: EPA

На лондонскиот аеродром Гетвик откажани се сите летови поради проблеми со системите за контрола на воздушниот сообраќај.

Службени лица од аеродромот во 18.47 часот по средноевропско време објавиле на Твитер дека се работи на најбрзо можно отстранување на проблемот.

Повеќе детали не се наведени.

Гетвик, се наоѓа на 45 километри од центарот на Лондон и е вториот најпрометен аеродром во Велика Британија, после аеродромот во Хитроу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот