Во неколку градови во Холандија вечерва повторно избија нереди меѓу полицијата и демонстрантите, откако викендот во земјата беше воведен полициски час како мерка за спречување на ширењето на ковид-19.
Полицијата користеше водени топови за растурање на демонстрантите во Ротердам, а инциденти имаше и во гратче во близина на Мастрихт, на југот на земјата.
Судири меѓу полицијата и демонстрантите синоќа имаше и во Амстердам и во Ајндховен. Ситуацијата беше посериозна во Ајндховен каде стотината демонстранти запалија возило и фрлаа камења и пиротехнички средства кон полицијата, кршеа прозорци и ограбија продавница на железничката станица во градот.