загадување во визбегово
загадување во визбегово

Вртат 500 милиони евра, а сè уште се расправаат со септички јами! Секои локални избори со ветувања за Индустриската зона Визбегово

Индустриската зона Визбегово, вели за „Слободен печат“, извршниот директор на Комората на Северозападна Македонија, Дурим Зекири, заслужува поголемо внимание од надлежните институции затоа што во неа работат од пет до осум илјади лица, годишниот обрт е поголем од 500 милиони, а учеството во БДП е 7,5 проценти

Бизнисмените од најголемата домашна индустриска зона Визбегово веќе не им веруваат на ветувањата што ги добиваат пред секои локални избори и се децидни дека решение за нивните инфраструктурни проблеми мора да има. Индустриската зона Визбегово, вели за „Слободен печат“ извршниот директор на Комората на Северозападна Македонија, Дурим Зекири, заслужува поголемо внимание од надлежните институции затоа што во неа работат од пет до осум илјади лица, годишниот обрт е поголем од 500 милиони, а учеството во БДП е 7,5 проценти, а сè уште се расправа со септички јами!

Иако Генералниот урбанистички план е усвоен пред повеќе од 13 години, сè уште не е донесен ниту еден Детален урбанистички план, што претставува прекршување на законските рокови кои предвидуваат нивно ажурирање на секои пет години. Најпроблематично е што Зоната се наоѓа во три општини (Бутел, Чучер – Сандево и Карпош), што дополнително ја отежнува можноста за отворена соработка помеѓу компаниите и локалните самоуправи.

-Не мислиме, туку знаеме дека проблемите мора да се решат. Зоната во Визбегово е најголемата домашна, а институциите не забораваат. Затоа и во секоја прилика, но и пред секој изборен циклус ги потсетуваме дека е нехумано компании во кои работат и над 400 лица да немаат сопствена канализација, пристапни патишта и несоодветна безбедност, нереализирана гасификација – додава Зеќири.

Во текот на изборната кампања за локалните избори, СКСЗМ ги пречека и им ги претстави своите очекувања за локалниот развој на претставниците на двете најголеми партии, а поединечно и дел од кандидатите за градоначалници на Скопје, но и на дел од скопските општини во своите ветувања се заложија дека ќе ги земат предвид нивните барања. СКСЗМ ќе продолжи со средбите и со другите политички партии, за да ја промовира својата Платформа за локален развој, како што го прават пред секој изборен циклус.

-Ова го бараме многу долго време, има повеќе од 10-15 години, но и денес се соочуваме со истите инфраструктурни проблеми што другите ТИРЗ зони ги немаат. Објектите во ТИРЗ зоните се градат делумно со државни пари, но за Визбегово, државата нема потрошено ниту денар. Ние правиме инвестиции со наши пари и  бараме да бидеме третирани како компаниите во ТИРЗ зоните – му порача в.д. претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Нухи Алиу на лидерот на СДСМ, Венко Филипче. На истата тема се разговарало и со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. И едниот и другиот ветиле решенија…

Од СДСМ порачаа дека во изминатите четири години, градот Скопје и јавните претпријатија под водство на ВМРО-ДПМНЕ покажале целосна незаинтересираност и неспособност да обезбедат услови за нормално функционирање на индустриските зони. Премиерот Мицкоски, пак најавил дека приоритет ќе биде завршување на патната клучка кај Момин Поток и патот кон индустриската зона и дека тоа ќе им бил еден од врвните приротети.

Според Алиу, главниот пат на излез од Скопје за Косово, кој во моментот е во катастрофална ситуација, под итно треба да се санира.

-Ние секојдневно поминуваме по тој пат и имаме реални проблеми, условите на патот не одговараат со условите што треба да ги има една индустриска зона. Бараме да се решат и дивите депонии кои повремено се палат и создаваат проблеми како на бизнисот, така и на Градот Скопје. Зоната има невиден економски раст – нагласи Алиу.

Ветувањата на Петре и на Данела…

Тогашната кандидатка за градоначалник на Град Скопје, Данела Арсовска во 2021 година на средба со претставници на Здружението на индустриската зона Визбегово, рече дека со подобрување на инфраструктурата ќе ја прошири Зоната и ќе направи место за уште повеќе компании. Од неа, бизнисмените добија и ветување дека оваа индустриска зона ќе има ист третман како и другите индустриски зони.

Истата година и тогашниот градоначаланик Петре Шилегов најави „предизборна градежна инвазија за нови булевари, кружни текови и мостови“. На оваа презентација присуствуваа и вицепремиерите, Фатмир Битиќи и Артан Груби, како и градоначалникот на Општина Чаир, Висар Ганиу. Се зборуваше за изградба на клучката кај булеварот Словенија, што е всушност продолжение на клучката кај Момин поток, за да се реши тесното грло на поранешната Јадранска магистрала, сега булевар Хасан Приштина. Вкупната инвестиција изнесуваше околу 550 милиони денари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот