„Врнат откази“: Сваровски отпушта 1.000 работници

Директорот на компанијата, Роберт Бухбауер, изјави дека ова е болна, но одлука без алтернатива.

Кризата која ја предизвика пандемијата од корона вирусот тешко го погоди и концернот „Сваровски“, па сега е приморан да ги намали работните места за време на престојната есен.

Директорот на компанијата, Роберт Бухбауер, изјави дека ова е болна, но одлука без алтернатива.

Според пишувањата на „Tiroler Tagescajtunga” плановите се до 2022 година на компанијата се да го намали бројот на вработени за дополнителни 600 работни места.

Во понеделникот 200 вработени на електронска адреса добиле известување за отказ, а станува збор за вработени во секторот маркетинг и продажба.

Како причина за отказите, „Сваровски“ ја наведува корона кризата, која тешко го погоди пазарот за луксузни производи, пренесува агенцијата.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот