ВРИЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ердоган најави почеток на воените дејствија во северна Сирија – Слободен печат
ВестиПланета

ВРИЕ НА БЛИСКИОТ ИСТОК: Ердоган најави почеток на воените дејствија во северна Сирија

„Со операцијата „Извор на мирот“ ќе ги отстраниме заканите од тероризмот“, напиша Ердоган на Твитер.

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган објави дека турската војска започна со воените дејствија на северот на Сирија. Според неговите зборови, воената операција на Турците е наречена „Извор на мирот“ (“Barış Pınarı”, или “Peace Spring” на англиски јазик), пренесува „Спутник“.

Претходно денес, курдските сили и две групи на сириски активисти објавија дека екстремистите на Исламската држава утринава спровеле напад во градот Рака, исто така на северот од Сирија.

Локалните власти предводени од Курдите повикаа на општа мобилизација, во акција која „Дејли сабах“ ја опишува како антитерористичка.

– Турските вооружени сили заедно со Сириската национална армија започна акција против терористчките организации ПКК/ЈПГ и Исламската држава на северот на Сирија. Нашата цел е да го уништиме терористичкиот коридор кој се обидува да се спротистави на нашата јужна граница и да донесеме мир во регионот – објасни Ердоган.

Со операцијата „Извор на мирот“ ќе ги отстраниме заканите од тероризмот. Благодарение на „сигурната зона“ која ќе ја воспоставиме, ќе обезбедиме враќање на сириските бегалци во нивната земја. Ќе го заштитиме територијалниот интегритет на Сирија и ќе ги ослободиме жителите од стегите на теророт, посочи турскиот лидер.

Неколку силни експлозии денес одекнаа во сирискиот град Рас ал Аин, во близина на границата со Турција, објави репортер на Си-Ен-Ен и додаде дека може да се слушнат звуци од авиони над градот. Тој додаде дека може да се забележи и чад над зградите во Рас ал Аин.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close