Врховниот суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на пресудата за „Јавна соба“

Судење за Јавна соба, Фото: Телма

Врховниот суд ги одби барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда за пресудата за Јавна соба како „неосновани“.

Со ова, нема промена во одлуката на изречените казни за Дарко Костовски и Михаил Паневски кои минатата година беа осудени на четири години затвор, обвинети за производство и дистрибуција на детска порнографија.

Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија на седницата одржана на ден 29.03.2023 година одлучуваше по поднесените барања за вонредно преиспитување на правосилна пресуда по предметот познат во јавноста како „Јавна соба”. Советот за казниви дела при Врховниот суд на Република Северна Македонија донесе пресуда Квп2.бр.23/2023 со која барањата за вонредно преиспитување на правосилната пресуда на Основниот кривичен суд Скопје К.бр.1851/21 од 11.03.2022 година и пресудата на Апелациониот суд Скопје КЖ.бр.588/22 од 24.11.2022 година, ги одби како неосновани, се вели во соопштението од Врховен суд.

Во периодот од 19 декември 2019 година до 28 јануари 2020 година, двајцата обвинети, како основач и модератор на групата „Јавна соба“ на социјалната мрежа Телеграм, биле должни да се грижат за содржината на текстуалните и аудио-визуелните содржини кои се споделуваат од членовите на групата. Според пресудата, со сигурност било потврдено дека детето кое учествува во чин на полово општење во порнографската содржина нема повеќе од 5 години. Дарко Костовски и Михаил Пановски иако имале обврска да го избришат видеото, не го сториле тоа ниту го банирале членот на „Јавна соба“ што го споделил видеото.

Во изречената пресуда за „Јавна соба“, каде беа споделувани експлицитни фотографии од девојки, нивни лични податоци, адреси, телефонски броеви и наводни тарифници за сексуални услуги, сепак судот не се занимавал со полнолетните жртви, туку ги осуди обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија што е опасен облик на поттикнување сексуално насилство спрема деца и подразбира прикажување полови дејствија со малолетник.

Јавното обвинителство, по изрекувањето на пресудата, оцени дека опасноста од бегство за двајцата обвинети е мултиплицирана, па затоа побара да останат во куќен притвор додека да почнат да ја отслужуваат казната затвор.

„Јавна соба“ повторно на Телеграм, скопјанка вознемирувана поради монтирани слики

Одбраната, пак, побара тие да се бранат од слобода согласно начелото на пресумпција на невиност и го повика судот да ја има предвид околноста дека обвинетите биле подолго време, односно 13 месеци во куќен притвор.

Судот фактичката состојба ја утврдил согласно вербални и материјални докази од мобилните телефони. Од нивните телефони бил екстрахирана детската порнографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот