Дозволиле да се споделува порнографско видео со четиригодишно дете: Креаторите на „Јавна соба” добија по четири години затвор

Судење за Јавна соба, Фото: Телма

Основниот кривичен суд во Скопје денеска им изрече затворски казни од по четири години на Дарко Костовски и Михаил Паневски, двајцата прогласени за виновни затоа што во групата „Јавна соба“ на чет мрежата Телеграм дозволиле да биде споделен порнографски материјал со дете.

Според пресудата, со сигурност било потврдено дека детето кое учествува во чин на полово општење во порнографската содржина нема повеќе од 5 години. Дарко Костовски и Михаил Пановски иако имале обврска да го избришат видеото, не го сториле тоа ниту го банирале членот на „Јавна соба“ што го споделил видеото.

Во изречената пресуда за „Јавна соба“, каде беа споделувани експлицитни фотографии од девојки, нивни лични податоци, адреси, телефонски броеви и наводни тарифници за сексуални услуги, сепак судот не се занимавал со полнолетните жртви, туку ги осуди обвинетите за производство и дистрибуција на детска порнографија што е опасен облик на поттикнување сексуално насилство спрема деца и подразбира прикажување полови дејствија со малолетник.

Според пресудата, Дарко Костовски и Михаил Паневски, до 28 јануари 2020 година отвориле и администрирале група на мрежата Телеграм користена од повеќе членови, која за кратко време имала повеќе од 2 илјади членови. Администраторот и модераторот, иако имале обврска да се грижат за тоа што се споделува во групата, со умисла дозволиле да се направи достапен аудио и видео материјал каде има очигледни полови дејствија со дете. Со тоа сториле кривично дело ,,производство и дистрибуција на детска порнографија” за што добија четири години затвор. Судот во предвид ги имаше олеснителните околности дека двајцата не го сториле делото со прикажување и производство, туку со тоа што дозволиле да се направи достапна содржината.

Јавното обвинителство, по изрекувањето на пресудата, оцени дека опасноста од бегство за двајцата обвинети е мултиплицирана, па затоа побара да останат во куќен притвор додека да почнат да ја отслужуваат казната затвор.

Одбраната, пак, побара тие да се бранат од слобода согласно начелото на пресумпција на невиност и го повика судот да ја има предвид околноста дека обвинетите биле подолго време, односно 13 месеци во куќен притвор.

Судот фактичката состојба ја утврдил согласно вербални и материјални докази од мобилните телефони. Од нивните телефони бил екстрахирана детската порнографија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот