Јужен ветер носи необично топло време за јануари, но ќе треба и чадор

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд. Ќе дува умерен, наместа повремено засилен ветер од јужен правец, кој ќе донесе невообичаено високи температури за овој дел од годината, соопшти УХМР.

Највисоките дневни температури ќе се движат од 9 до 14 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од јужен правец.

И во следните денови воопшто ќе нема мразови, а температурите ќе се искачат и до 16-тиот степен, прогнозираат синоптичарите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот