Дождливо време / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

ВРЕМЕНСКА ПРОГНОЗА: Попладне нестабилно време со краткотраен пороен дожд

Сончево време со мала до умерена локална облачност и слаб до умерен ветер од јужен правец се очекува во текот на денов. Според синоптичарите, попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура се очекува да биде во интервал од 11 до 18, а максималната да достигне од 28 до 36 степени Целзиусови.

Во Скопје, исто така се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Најавено е да дува слаб ветер од јужен правец, минималната температура да се спушти до 16, а максималната да достигне до 35 степени Целзиусови.

Управата за хидрометеоролошки работи предвидува слично време и во текот на утрешниот ден. Да преовладува сончево време со мала до умерена облачност, а попладне да има услови за изолирана појава на пороен дожд и грмежи.

Според УХМР, во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, наместа во форма на невреме со засилен ветер и изолирана појава на град. Во вторник сѐ уште ќе биде нестабилно со изолирана појава на пороен дожд и грмежи, а од среда се очекува стабилизирање на времето.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот