Време е да се поништи „одвратниот Преспански договор“, повика митрополитот Агатангел
„Веднаш треба да се пристапи кон поништување на одвратниот Преспански договор. Oд него сè почна, и кај него сè треба да заврши. Треба да се запре и секој договор со Бугарија што задира во нашето уставно уредување, во нашата култура и идентитет. Името ‘Македонија’ не е само име на држава – тоа е идентитет на народот кој живее во неа“, пишува митрополитот повардарски Агатангел во својата последна колумна за „Нова Македонија“.
Препорачано
Според него, Европа „одамна ги напуштила своите темелни вредности и денес е заложник на шовинизми и корупција“.
„Европа на Хегел и Кант се претвори во Европа на Каравангелис и Живков. Наместо прогрес, ни нуди потчинување и омаловажување“, вели тој, повикувајќи ги и власта и опозицијата, како и целокупниот македонски народ, дома и во дијаспората, на „обединување и активна одбрана на националното достоинство“.
„Доста беше молк и криење. Секој што има јавна функција мора да расчисти со злото од минатото и да работи за иднината. Македонија може да се извлече од оваа ситуација само со јасна визија и храброст. Само така ќе изградиме пат кон достоинствена иднина“, порачува митрополитот Агатангел.
„Само храбро, македонски народе! Бог ги штити оние што се борат за вистината и слободата. Време е да го подигнеме гласот против неправдата и да си го исчистиме сопствениот двор“, пишува владиката во колумната.
Владиката Петар им фрли анатема на социјалните мрежи – поповите многу пишувале за политика


