„Вреди“ му возвратија на Села: Имаме целосен легитимитет од Албанците

Коалиција „Вреди“/фото: Социјални мрежи

Зијадин Села се обидува да изгради алиби пред своите зошто ја утна страната, и наместо да биде победник остана со губитниците – порачаа од Коалиција „Вреди“ откако Села реагираше дека оваа коалиција немала легитимитет и не можела да ги претставува Албанците и дека малку ресори им биле дадени на Албанците.

„Броењето ресори со кој раководат Албанци е концепт кој не доведе ништо добро за нашата кауза. Напротив, благодарение на политичката корупција на режимот на ДУИ, чии функционери ги гледаа ресорите како алатки за богатење наместо да бидат сервис на граѓаните, ВМРО-ДПМНЕ на овие избори освои 58 пратеници и преговара од позиција на апсолутен победник во македонскиот политички блок“, порачаа од „Вреди“.

Тие велат дека имале исклучително важна политичка одлука во новата Влада што ќе обезбедела сигурна иднина за Албанскиот народ.

„Вреди“ ќе го води собранието на РСМ и 6 министерски ресори, а има и целосен легитимитет од Албанците. Времето на национални понижувања заради задоволување лични амбиции и суети завршува. Кој разбере сега добро, кој нема да разбере ќе му се појасни на локалните избори, кога ќе излезе на мегдан пред гласачите без злоупотреби на институциите на извршната власт“, порачаа од Коалицијата.

АА на Села: Албанците првпат ќе водат само 4 министерства во владата

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот