Вреди Фото: Фејсбук

Вреди му се заблагодари на Фетаи по оставката

По повод оставката на Арбен Фетаи од функцијата заменик-претседател на Владата задолжен за добро владеење, коалицијата Вреди изрази благодарност за неговиот досегашен ангажман, коректност и придонес.

Во соопштението се наведува дека Фетаи, при извршувањето на оваа одговорна функција, покажал сериозност, професионалност и посветеност кон принципите на добро владеење, отчетност и институционална одговорност.

Од Вреди посочуваат дека ја почитуваат неговата одлука и истовремено му се заблагодаруваат за соработката и придонесот што го дал во овој период.

„На г. Фетаи му посакуваме добро здравје, успех и сè најдобро во иднина“, се наведува во соопштението на Вреди.

Мицкоски за оставката на Фетаи: Ќе видиме со коалициските партнери

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот