Вреди формира политичко тело за координација со идеја да прерасне во регионално политичко движење
Коалицијата Вреди денеска формира политичкото координативно тело составено од девет претставници на коалицијата. Од Вреди велат дека извршнотто тело е резултат на силната политичка волја меѓу лидерите на партиите кои се дел од коалицијата Вреди за постепена внатрешна интеграција заради зголемување на ефикасноста во испорака на предизборните ветувања и заедничко сихронизирано политичко делување.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
-Ние ги слушаме барањата и очекувањата на гласачите. Нивната волја е Вреди да стане симбол за сенародното обединување на Албанците. Затоа, најавуваме дека следен чекор е промоција на коалиционата Комисија за прашања на изборите, именувањата и надзор на спроведување на политиките, потоа заедничка веб страна, коалициони канали за комуникација на новите медиуми, заеднички Центар за комуникации со јавноста и назначување на портпарол на коалицијата. Вреди прераснува во политички бренд кој работи исклучиво во интерес на обезбедување на сигурна иднина за Албанците. Овој процес е тргнат и нема застанување. Наша цел е Вреди да прерасне во регионално политичко движење кое фокусирано ќе ги адресира потребите на Албанците преку спроведување на реал политички чекори – соопшти Колаицијата Вреди.


