Врчак се враќа на сцената: Подгответе се за изненадување по корона-кризата!

Еден од омилените пејачи на македонската публика, раперот Раде Врчаковски – Врчак по се изгледа наскоро ќе го видиме повторно на музичката сцена.

Тој вчера преку неговиот профил на „Фејсбук“ објави дека по завршувањето на корона-кризата ќе ја изненади публиката со нешто ново.

Врчак откри дека за новиот материјал соработувал со менаџерот на светски познатиот Бруно Марс.

Погледнете што напиша познатиот рапер:

8.15.2019 Наи убавото момче во LA :)))))))) Снимавме producer featuring музички албум во LA со инжињерот на Бруно Марс…

Publiée par Раде Врчаковски sur Mercredi 21 octobre 2020

– Најубавото момче во LA :)))))))) Снимавме producer featuring музички албум во LA со инжињерот на Бруно Марс во PARAMOUNТ STUDIOS – музичкиот албум е американски со артисти од Los Angeles (a има и изненадувања). Пеачите се предобри, велат песните се сон, на аудициите имаше и една девојка која како мала има пеено пратечки вокали на Jenet Jekson.

Инжeњерот на Бруно Марс (со кого работев по препорака на моите професори од Беркли) има работено на песни со миљарди гледаност (актуелен е многу, има за Jason Derulo (Swalla, breathing) работено) – вели, како и целиот тим, дека е албумот е еден од најдобрите и најдобро испродуцираните музички албуми што ги чуле во животот, вклучвајки и еден GRAMMY AWARDS номени соработник кои воедно кажа дека текстовите се наидоби музички текстови напишани во Американската музичка историја, велат мегахит по мегахит е цел албум :)))))))) Yea, ALWAYS THE BEST! (јас завршив како почесен скрос одличен студент во Америка high school и на Беркли исто – ме обожаваа професорите – имам среќна ѕвезда).

Љубовен музички албум е, ќе напишам подетално се на фб ако има време во следен пост. Спремете се за изнедадување идната година по завршување на корна кризата.

Идеата за албумот ми дојде на еден преубав летен одмор на море, по една преубава случка. Полн со љубов во пријатните чуства од наи големата организација против робства и злоупотреби на животињата во државата која ме направи HERO против робства на животинчња – целиот албум го правев од срце и со план секоја една песна да е подобра од секој еден билборд број 1 што беше хит летото – за да дојдам до внимание и да се пренесе порака против робства и злоупотреба на животинчњата world wide со наи големи можни успеси – стои во неговата објава.

Инаку Врчак пред да се повлече пред неколку години од музичката сцена, беше еден од најпопуларните и најбарани музичари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот