Вработената во градинка во Свети Николе е позитивна на ковид-19
Вработената во светиниколската детска градинка „Рахилка Гонева”, Клон 1 е позитивна на КОВИД-19, покажаа и официјалните резултатите од тестирањето. Поради тоа што имала симптоми на коронавирусот, во средата вратите на овој објект не беа отворени за 110 деца.
Препорачано
Градоначалникот на општина Свети Николе, Сашо Велковски за МИА појасни дека вработената е од техничкиот персонал која учествуваше во припрема на приемот на дечињата, а во понеделникот покажала симптоми на КОВИД-19.
–Резултатот од тестирањето е позитивен, со што се потврди исправноста на нашата одлука за непочнување со работа на Детската градинка во Клон 1 и прием на дечињата. Врз основа на овие информации, уште денеска е извршено вонредно дезинфицирање на сите простории и дворот во градинката од страна на Центарот за јавно здравје – Велес, рече Велковски.
Раководството на градинката очекува епидемиолошките и другите надлежни служби да дадат комплетна епидемиолошка слика, а потоа и зелено светло за старт на работа на градинката „Рахилка Гонева” Клон 1 наредните денови , согласно Алгоритамот и Протокол за работа на градинките.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
2мин
-
7мин
-
33мин
-
33мин
-
44мин
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


