ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО | Објавена снимката од кражбата на кучињата на Лејди Гага: Се слушаат истрелите и како нејзиниот чувар бара помош

Instagram-Twitter
Фото: Инстаграм/Твитер

Додека поп – ѕвездата Лејди Гага е во Рим, каде го снима својот нов филм „Gucci“, се случи вистинска драма во близина на нејзината вила во Малибу. Нејзиниот чувар кој се грижел за кучињата бил застрелан околу 22 часот во среда вечер и тоа четири пати со полуавтоматски пиштол.

Двајцата напаѓачи од него ги одземале кучињата и заминале од местото на злосторството со автомобил марка Седан – бела боја, според изворите за американските медиуми, полицијата и според видеото кое е снимено од надзорна камера во близина на местото на настанот.

Две од трите француски булдози со кои Гага живее со години биле киднапирани.

Како што може да се види на вознемирувачкото видео, чуварот на Лејди Гага се шета со трите нејзини булдози Азија, Коџи и Густаво, сè додека не запира автомобилот до него, од кој излегуваат двајцата разбојници. Тие се обиделе да ги киднапираат кучињата и во расправија со чуварот на видеото се слуша како двапати пукааат во него. Потоа тој останува сам во болки и бара помош: „Ве молам, ме застрелаа, помогнете“.

Напаѓачите веднаш се оддалечиле од местото на настанот.

Најпрво, соседот не сакал да го објави видеото од безбедносните камери, сè додека не стапил во контакт со Лејди Гага, која изразила желба видеото да биде објавено за полицијата да може да ги најде сторителите.

Според „CNN“, нејзиниот телохранител бил пренесен во болница по инцидентот и како што наведува изворот се опоравува од прострелните рани.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by LG6UPDATES (@lg6updates)

Едно од кучињата на Лејди Гага, Азија, успеало да им избега на разбојниците, а потоа полицијата го пронашла во близина на настанот.

По напаѓачите сè уште се трага.

Лејди Гага понуди награда од половина милион долари за оној кој ќе успее да ги пронајде и да ги врати нејзините два француски булдози кои беа украдени.


Јавно е објавен и маилот за контакт [email protected], со имињата на нејзините миленици Коџи и Густав.

Застрелан шетачот на кучињата на Лејди Гага

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот