ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Марсело му скрши нога на противникот, Бразилецот плачејќи го напушти теренот

фото: EPA-EFE/Luciano Gonzalez

Славниот бразилски фудбалер Марсело го доживеа еден од најлошите моменти во кариерата. За жал, истото може да се каже и за Лучијано Санчез, фудбалерот на Аргентинос јуниорс кој заработи страшна повреда на натпреварот против Флуминенсе во Копа Либертадорес.

Марсело имаше контрола на топката, а целата ситуација беше навистина несреќен случај. Аргентинецот се обиде да ја одземе топката, а во тој момент левиот бек кој минуваше покрај него го згазна на ногата која беше во лоша позиција.

Аргентинецот веднаш почна да вреска од болки, а Марсело не можеше да се смири и поради тоа што се случи, додека го напушташе теренот, плачеше и ја стискаше главата.

Соиграчите се обидоа да го смират, а нема сомнеж дека и двајцата фудбалери ќе го паметат овој момент до крајот на животот.

За жал, прашање е дали Санчез воопшто ќе може да ја продолжи кариерата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот