ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО I Не запира крвопролевањето во Албанија: Партиски активист Еди Рама убиен четири дена пред изборите

Активистот на Социјалистичката партија (ПС), премиерот Еди Рама беше убиен во денешната престрелка во градот Елбасан.

Тој беше убиен пред канцеларијата на опозициската Демократска партија (ПД) по судирот меѓу приврзаниците на двете партии, а четири лица беа повредени.

ВОЗНМИРУВАЧКО ВИДЕО I Крвава предизборна кампања во Албанија: Застрелан секретар на огранокот на Демократската партија

Десетици луѓе, вклучувајќи го и главниот осомничен кој е поранешен полицаец, беа уапсени по инцидентот, соопшти полицијата, пренесува Ројтерс.

Албанските медиуми објавија дека убиството уследило по судир меѓу приврзаниците на социјалистите и демократите, и пред парламентарните избори во недела, и ниту една од партиите досега не го коментирала инцидентот, пренесува Танјуг.

Албанците ќе гласаат за избор на нов парламент во недела, а анкетите предвидуваат тесна борба меѓу партијата на премиерот Еди Рама и опозицијата предводена од демократите, според Ројтерс.

Рама, кој ќе се обиде да го освои својот трет мандат во недела, е на власт од 2013 година.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот