ВОЗНМИРУВАЧКО ВИДЕО I Крвава предизборна кампања во Албанија: Застрелан секретар на огранокот на Демократската партија

Секретарот на огранокот на Демократската партија во Каваја, Бледар Окшуни, беше повреден денес во близина на седиштето на оваа партија во Албанија.

Извори од местото на настанот сугерираат дека Ндричим Тахири, инаку познат како Ндричим Јонузи, имал конфликт со Бледи Оштуни за паркинг во близина на изборната канцеларија на ПД каде се случил настанот.

Ндричим Тахири, пукал со огнено оружје кон Оштони, кој бил повреден во ногата.

Телевизијата Клан Косово објави дека причината што довела до овој инцидент е паркингот каде се наоѓал автомобилот на секретарот на ПД.

Според очевидци од Каваја, двајца полицајци побарале од секретарот Окшуни да го отстрани автомобилот по што почнала расправијата.

Ндричим Тахири има сериозно криминално досие. По него, Интерпол Рим на 29.05.2007 година со одлука на Судот во Торино, распиша потерница откако во Италија и беше осуден на 8 години затвор за убиство.

Во март 2014 година, тој беше уапсен во Каваја за стореното кривично дело во Италија, а казната ја одлежа во Албанија.

Видеото може да го видите ТУКА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот