ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО: Бездомник го чека вистинскиот момент за ја турне под воз, жената се спаси на неверојатен начин

Бездомникот Адитија Вемулапати (24) турна Њујорчанка (40) на шините на метрото додека возот се приближуваше до станицата.

Надзорните камери го снимија овој суров напад.

Жената, за среќа, падна меѓу шините, не на нив и легна со наведната глава додека возот минуваше над неа на станицата Унион Сквер на Менхетен.

„Ова е многу вознемирувачко … Го видовме осомничениот на видеото како чека, пресметува за колку време возот треба да биде близу до станицата“, изјави претставникот на полицијата во Њујорк, Кетлин О’Рајли.

Жната се здобила само со полесни повреди, гребнатини на главата и телото.

На Вемулапати му е одреден притвор до 4 декември, кога ќе се појави пред судот, и не постои можност за ослободување со кауција.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот