Вождовац се шегува со македонските клубови на Твитер (ФОТО)

фото: твитер

Српскиот фудбалски клуб повторно ги насмеа фановите со објавите на својот официјален Твитер профил.

Екипата на Вождовац од Белград се апсолутни шампиони на социјалните мрежи, иако во фудбалот немаа забележителни резултати.

Вождовац во чии редови настапува нашиот интернационалец Марко Ѓорѓиевски ремизираше 1:1 на домашен терен со Чукарички за моментно осмо место на табелата со 38 бодови.

Српскиот фудбалски клуб повторно ги насмеа фановите со објавите на својот официјален Твитер профил.

Така беше и во текот на вчерашниот ден, администраторот на овој клуб пребаруваше на интернет, односно на „Гугл“, – Македонски клубови кои на Твитер се подобри од Вождовац –

Резултатот веднаш го сподели пред фановите: „Леле! Нешто тргна наопаку“. Воедно им се извини на три македонски фудбалски клубови кои исто така имаат Твитер профил, ГФК Осогово, ФК Вардар и ФК Саса.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот