Возачите да внимаваат: Камионите на Блаце се пренасочуваат кај бензинската Дизел
Сообраќајот за тешки товарни возила на граничниот премин Блаце е пренасочен кај бензинската станица Дизел утрово од 07.20 часот, соопшти Авто-мото сојузот на Македонија (АМСМ).
Препорачано
Не се соопштени причините поради кои камионите се пренасочуваат.
АМСМ потетува и дека од 3 септември, во период од две седмици, на патниот правец Гостивар – Тетово и обратно, од патарина Тетово до патарина Гостивар, ќе се изведуваат градежни истражувачки работи, поради што сообраќајот ќе се одвива по привремен режим.
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и низ клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево, соопшти АМСМ.


