Возач прегази двајца пешаци во Визбегово

Фото: Слободен печат / Драган Митрески

Автомобил „БМВ“ скопски регистарски ознаки, управуван од 52-годишниот Џ.Ј., вчера во Визбегово удрил во двајца пешаци од селото, Љ.С.(79) и И.Т.(61).

На 11.04.2023 во 14.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Визбегово, скопско, патничко возило „бмв” со скопски регистарски ознаки, управувано од Џ.Ј.(52), удрило во пешаците Љ.С.(79) и И.Т.(61), двајцата од с.Визбегово, соопшти МВР.

Според информациите од МВР, во несреќата со тешко повредени се двајцата пешаци и возачот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза” и Градската општа болница „8 Септември”.

Увид направила и полицијата од СВР Скопје.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот