Полиција/ Фејсбук

Возач од Кавадарци прегазил 93-годишен сограѓанин

93-годишен кавадарчанец е тешко повреден откако вчера во него со автомобил удрил 58-годишен сограѓанин, соопшти МВР.

„На 29.12.2025 во 14:20 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул.„Мито Хаџи-Василев“ во Кавадарци, патничко возило „југо“ со кавадаречки регистарски ознаки управувано од Ц.П.(58) од Кавадарци, удрило во пешакот Д.К.(93) од градот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Кавадарци. Извршен е увид од екипа од ОВР Кавадарци“, велат од полицијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот