Камион / илустрација / фото: pexels.com

Возач на камион полн со дрва сакал да прегази полицајци, тие возвратиле со пукање

Возач на камион, кој бил полн со дрва, се обидел да прегази полициски службеници кои сакале да го запрат поради контрола, соопшти охридската полиција. Полицајците возвратиле со пукање.

„Инцидент се случил вчера вечерта во 23:15 кај место викано ,,Бел Мост“, во атар на с.Волино. Полициски службеници дале знак за запирање на товарно возило, со цел да се изврши контрола врз возилото. Но, возачот не застанал туку со возилото се обидел да ги удри полициските службеници. При тоа од страна на полициските службеници биле испукани неколку куршуми, по што возачот се дал во бегство, а возилото кое било натоварено со дрва е запленето“ соопшти СВР Охрид.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Приведен гостиварец, се сомничи дека силувал малолетничка, па објавувал снимки на социјалните мрежи

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот