Вонредни рестриктивни мерки на Миконос и Халкидики

Откажување на сите настани како што се забави со жива музика, литии, пазари и слично; забрана за јавни и приватни собири на над девет лица; задолжителна маска и надвор и во затворените објекти, како и дозволени најмногу четири лица на една маса во кафулињата и рестораните, се мерките кои од петок стапуваат во сила на грчкиот остров Миконос и на Халкидики, јави дописничката на МИА од Атина.

За дополнителните рестриктивни мерки било одлучено на денешниот состанок во Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, по вчерашниот зголемен број позитивни случаи во конкретните делови и за да се ограничи дополнителното ширење на коронавирусот.

Исти рестриктивни мерки веќе се во сила на островите Парос, Андипарос и Порос .

Прочитајте и...  Извештај на ИЈЗ: Зголемување на смртноста од ковид-19 за 18,6 отсто, епидемиолошки истражени 128 смртни случаи

Миконос и на Халкидики, се дел од 16-те грчки региони во кои веќе се спроведува мерката забрана за работат од полноќ до 7 часот на утроугостителските објекти, кафулињата и слично.

Новите ограничувања ќе стапат во сила во петок наутро и ќе важат во следните 10 дена.

Поврзани вести

Макрон до Французите: Нова етапа ќе се отвори од сабота 28 ноември

Слободен печат

Бајден: Задоволен сум што ни дозволија транзиција на власта

Илинка Иљоска

Австрискиот канцелар Себастијан Курц го осуди терористичкиот напад во Швајцарија

Илинка Иљоска

Исплатата на пензии ќе започне од 26 ноември

Слободен печат

ВИДЕО | „Ова е неверојатно“: Американските власти зачудени откако среде пустина пронајдоа мистериозен монолит

СП.

Сослушани амбасадорите на Ерменија и Азербејџан во Сенатот во пресрет на парламентарната расправа за Нагорно Карабах

Илинка Иљоска

Остави Коментар