Војводина со македонскиот тренер Мирковски во полуфиналето на АБА 2 лигата
Кошаркарите на српскиот клуб Војводина на македонскиот тренер Владимир Мирковски се пласираа во полуфиналето на АБА 2 лигата на две кола до крајот на ТОП 8 фазата. После пресвртот во Загреб, тимот од Нови Сад на домашен терен ја совлада Цедевита Јуниор со резултат 100:75.
Препорачано
Војводина има скор 4-0, загарантирано полуфинале, а за второто место во нокаут фазата ќе се борат Илирија, Цедевита Јуниор и Широки.
Победата на Војводина против Цедевита Јуниор ја донесоа Стефан Савиќ со 19, Џордан Дингл со 17, Филип Ребрача со 13, Урош Бањац со 11 и Дејшон Смит со 10 поени. За тимот од хрватската престолнина Мислав Брзоја постигна 16, Иван Карачиќ 12, а Нико Шаре 10 поени.
Во групата Е Златибор има скор 3-0, а на домашен терен против Хелиос ќе има можност да обезбеди пласман во полуфиналето. Покрај Златибор и Хелиос, во групата се Босна и Подгорица, а реално е Златибор и Босна да обезбедат пласман во полуфиналето.
За потсетување, полуфиналните и финалните серии ќе се играат по принципот најдобар од два, а тимот што ќе ја освои АБА 2 лигата ќе игра во елитната регионална лига.


