Војната продолжува: Џони Деп ја обвини Амбер дека задржала 7 милиони долари од разводот кои требала да ги донира

Војната помеѓу поранешните сопружници продолжува, а сега Деп е на потег…

Актерот Џони Деп (57) ја обвинил својата поранешна сопруга Амбер Хард (34) дека задржала поголем дел од парите (7 милиони долари) кои ги доби во договорот за развод, наместо да ги додели во добротворни цели, како што вети.

Амбер во 2016 година се разведе од актерот од кој доби огромна сума на пари, а сето тоа вети дека ќе го донира подеднакво во Детската болница во Лос Анџелес и во Американската унија за општествена слобода.

Меѓутоа, адвокатите на Деп наводно ги контактирале двете организации во текот на последните години со цел да дознаат дали Амбер ги донирала сите средства. Детската болница не открила колку пари добила од Амбер, а Дејли Мејл пишува дека добиле само 100.000 долари.

EPA-EFE
Фото: EPA-EFE/NEIL HALL

Шефовите на болницата наводно и испратиле порака на Амбер во јуни 2019 година со цел да дознаат дали таа ќе го исполни ветеното. Правниот тим на Деп е уверен дека не постоеле други исплати.

„Парите за мене не играат никаква значајна улога и никогаш нема да играат, ќе ги донирам во добротворни цели во овие две организации и се надевам дека така ќе им помогнам на оние помалку способните, односно да им олеснам да се излечат и да се одбранат“, изјави Амбер во 2016 година по разводот.

профимедиа

Инаку, Џони Деп неодамна го изгуби спорот со таблоидот „The Sun“ и неговиот издавач. Актерот го тужеше таблоиот пораки статијата во која тој беше наречен “семеен насилник кој ја тепа својата сопруга£. Деп ја негираше таа приказна, но по приложените докази го загуби судскиот спор, а потоа и неколку главни улоги кои ги толкуваше.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот