Војната ги зближи со татковината: Сè повеќе Украинци тетовираат патриотски симболи

Украински тетоважи/ Фото Инстаграм Tattoo Lamarch Studio

Повеќе од два месеци по почетокот на војната со Русија, таа веќе остави длабока трага кај многу од Украинците, пишува Би-Би-Си.

Студијата за тетовирање гледаат се повеќе луѓе кои доаѓаат да истетовираат патриотски слики на нивните тела, да се сетат низ што поминува Украина сега.

Клиентите на едно такво студио во Лавов вклучуваат војници кои одат во војна против Русија на фронтот на Украина.

„Сите сакаме да се сеќаваме низ што поминуваме“ вели еден млад Украинец откако на својата кожа истетовира украински симболи.

Вработените во студијата за тетовирање велат дека имаат повеќе работа во последниот период, за разлика од почетокот на војната.

„Не гледам страв во нивните очи. Но, стравуваме дека нема повеќе да ги видиме“ вели вравотена во студиото.

18-годишниот Назар вели дека ќе „стегне заби“ неколку часа, знаејќи дека тоа што го прави е поддршка за неговиот постар брат кој се приклучил на украинската војска.

„Најпрво ова го правам за себе, а потоа за сите оние кои се борат за Украина, нашите права и слободи“ вели Назар.

Младите најчесто тетовираат воени симболи, знамиња и патриотски поговорки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот