Воените претставници на Кина и НАТО одржаа дијалог за безбедносни прашања

НАТО војска/ Фото EPA-EFE/FOCKE STRANGMANN

Претставниците на Кина и НАТО денеска во Пекинг го одржаа осмиот дијалог на воено ниво за безбедносни прашања, соопшти кинеското Министерство за одбрана.

Двете страни разменија мислења во оваа област, како и во однос на меѓународната и регионалната ситуација. На состанокот присуствуваа Канцеларијата за меѓународна воена соработка на Централната воена комисија на Кина и раководството на Заедничката безбедносна дивизија на Меѓународниот воен штаб на НАТО, се вели во соопштението.

Разговорите се одржаа една недела по влезот на Шведска во НАТО. Таа ја прекина својата долгогодишна политика на неврзување во обид да ја гарантира својата безбедност според пактот по руската инвазија на Украина во 2022 година.

Претходната рунда преговори меѓу Кина и НАТО се одржа во февруари минатата година, во седиштето на Алијансата во Брисел.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот