ВИДЕО | Воени хеликоптери превентивно го полеваат местото на пожарот во Чачак

Хеликоптер/ Фото: EPA-EFE/Valda Kalnina

Поради високите температури и непристапниот терен, два хеликоптери на српската армија ја полеваат околината и местото каде избувна пожарот синоќа во реонот на фабриката „Слобода“ во Чачак.

Хеликоптерите на Армијата на Србија се снабдуваат со вода од блиското езеро Меџувршје, а акциите започнаа околу 13.30 часот.

Синоќа, нешто после 20 часот, пожар избувна во фабричкиот круг на компанијата „Слобода“ во Чачак и ја зафати шумата и високата вегетација.

Тоа се случи само еден ден по силната експлозија во која беа повредени тројца работници и поради што беше евакуирано населението од околината на фабриката.

Сè уште не е позната причината за пожарот во воената фабрика во Чачак. Се очекува да пристигнат деминери кои можат да влезат во фабриката 24 часа по последната експлозија.

Комисијата за проценка на штета на станбени згради веќе го посетува теренот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот