Конгрес на Вреди/Фото: Принтскрин

Во Вреди расправале за реконструкција на Владата

Реконструкцијата на Владата била една од темите на дискусија на денешната прва седница на Централното собрание на Вреди, по формирањето на партијата.

„Во таа насока беше отворена дебата за перформансите на носителите на јавни функции, со цел евентуалните промени да придонесат за поголема ефикасност, одговорност и побрза реализација на обврските преземени пред граѓаните“, соопшти Вреди по седницата, на која се разговарало за актуелните политички случувања, приоритетите за наредниот период, како и за натамошното јакнење на партиската организација.

Централното собрание направило и анализа на досегашната работа на Вреди.

„Се разговараше за постигнатите резултати, предизвиците со кои се соочува партијата и приоритетите за периодот што следува, со акцент на координацијата на структурите, активностите на терен и континуираната комуникација со јавноста. Значаен дел од седницата беше посветен и на консолидацијата на ограноците и зајакнувањето на партиската структура во сите средини. ВЛЕН оценува дека силната организација на терен е предуслов за поквалитетно претставување на граѓаните, како и за побрзо препознавање и адресирање на нивните потреби. ВЛЕН и понатаму ќе работи со целосна политичка и институционална одговорност, посветена на реализација на приоритетите и очекувањата што произлегуваат од довербата добиена од граѓаните“, стои во соопштението.

Вреди толку вредеше, ќе има ли реконструкција на Владата?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот