Во ураганот Ида загинаа 50 лица, многумина се водат како исчезнати

Јужна Луизијана по ураганот Ида / Фото: EPA

Најмалку 50 луѓе загинаа во ураганот Ида, кој го погоди североисточниот дел на САД, додека голем број луѓе се уште се водат како исчезнати, а папата Франциско ги повика погодените од катастрофата да бидат силни.

Во Њујорк се потврдени 17 смртни случаи, четири во Вестчестер, а останатите во градот Њујорк, каде речиси сите жртви беа заробени во нелегални подрумски станови, изјави портпаролката на гувернерката Кејти Хочул.

Во Њу Џерси има 27 жртви во невремето, а четири лица се уште се водат како исчезнати, изјави портпаролот на гувернерот Фил Марфи.

Бројот на загинати во Луизијана се зголеми на 12, а се стравува дека би можело да има повеќе, истакна гувернерот на таа сојузна држава, Џон Бел Едвардс

Извор: МИА

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот