130 градежници уапсени во Турција, згради што ги граделе се урнале во земјотресот

земјотрес турција сирија
Кахраманмараш, Турција / EPA-EFE/ABIR SULTAN

Околу 130 луѓе вклучени во изградбата на зградите што се урнаа во земјотресот се уапсени или издадени се налози за нивно апсење во Турција. Досега е утврдено дека во земјотресот што во понеделникот ги погоди Турција и северна Сирија загинаа над 28.000 луѓе, а околу 80.000 се повредени, а овие бројки сигурно ќе растат.

Турција има строги правила за градење со кое зградите се штитат од земјотреси, но тие често не се почитуваат, што можеше да се види по двата силни потреса од минатата недела, кога се урнаа илјадници згради во погодените области. Турскиот потпретседател Фуат Октај синоќа изјави дека се издадени налози за апсење на 131 лице осомничени дека се одговорни за уривањето на зградите.

Турскиот министер за правда вети дека ќе ги казни одговорните, а обвинителите почнаа да собираат примероци од зградите како доказ за тоа какви материјали се користени за нивна изградба.

Земјотресите беа силни, но експертите сметаат дека за големото разурнување и големиот број на жртви, највиновно е лошото градење.

Турското Министерство за правда вчера објави дека планира да формира биро за „истрага на криминал при земјотрес“ за да ги идентификува изведувачите и другите одговорни, да собира докази и да ги провери градежните дозволи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот